ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во подготовка Сејф Сити кој ќе ги регистрира и санкционира сообраќајни прекршоци

Во подготовка Сејф Сити кој ќе ги регистрира и санкционира сообраќајни прекршоци

Долгоочекуваниот систем Сејф Сити кој ќе ги регистрира и санкционира сообраќајни прекршоци е во подготовка, но од Министерството за внатрешни работи и натаму не прецизираат кога ќе биде целосно пуштен во употреба. Повеќе од 140 лица во земјава годишно се жртви на сообраќајни несреќи, многу нив токму поради сериозни пропусти во сообраќајот, но системот кој треба да ги детектира се уште не е во функција.

Advertisements

„Поставувањето на камерите се очекува да биде завршено во текот на 2025 година. Системот ќе регистрира сообраќајни прекршоци како што се минување на црвено светло, возење со брзина поголема од дозволената и непрописно паркирање. Сообраќајниот прекршок ќе биде документиран со соодветни технички средства и уреди за снимање при што на сопственикот на возилото ќе му биде доставен соодветен поднесок за сторениот сообраќаен прекршок„, велат од МВР.

Покрај тоа што се уште се чека на Сејф Сити, актуелниот Кривичен законик не предвидува високи казни ниту за сторителите на кривични дела со фатален исход – законот вели најмалку четири години затвор, а во пракса најмногу се изрекуваат казни токму од четири до пет години затвор. Сепак, во новиот Кривичен законик, кој е во изработка, се подготвуваат измени и се предвидуваат повисоки казни, најави министерот за правда.

„Ние постојано работиме на усогласување на сите можни законски решенија со колегата Тошковски, како на сејф сити, така и на она што вие го говорите, така да ние се залагаме за максимални казни„, рече Игор Филков, министер за правда.

Според статистиките на МВР лани во сообраќајни незгоди настрадале 24 пешаци, бројките велат дека од 2010 па наваму на македонските патишта гинат помеѓу 116 и 198 лица. Потребата од построги правила во сообраќајот посебно се наметна со последниот случај кога 22-годишната Фросина Кулакова беше прегазена од 20-годишник без дозвола под дејство на алкохол, додека таа поминувала на Партизанска на пешачки премин на зелено светло./Алсат.мк

Михаило Донев

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button