МАКЕДОНИЈА

Продолжува потрагата по исчезнатиот Миле Тодоров од Неготино

Продолжува потрагата по исчезнатиот Миле Тодоров од Неготино, на кого му се губи трагата од минатиот четврток.

Advertisements

Од вчера по него се трага и со хеликоптер на МВР, а семејството повика да се бара и по цркви и манастири каде што можеби се засолнил.

Во потрагата се вклучени голем број доброволци меѓу кои и навивачката група „Винари“ чиј член бил Тодоров.

Досега е најден само неговиот мобилен.

Миле последен пат е виден минатиот четврток околу 10.30 часот кај селото Марена.

Неговото семејство смета дека тој најверојатно пеш тргнал од Кавадарци кон Неготино. Пред да исчезне дал отказ на работното место.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button