ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Филипче: Ќе предложиме заострување на казните за тешките дела во сообраќајот

Заострување на казните за тешките прекршоци во сообраќајот и поставување полицаец пред и во секое училиште за време на наставата се двата конкретни предлога коишто опозицискиот СДСМ ќе ги предложи на јавната расправа во Собранието со цел утврдување на потребата за законски измени за зголемување на безбедноста во сообраќајот. За ова денеска информира пратеникот и лидер на СДСМ, Венко Филипче.

Филипче вели дека е добро што ќе има јавна расправа во Собранието.

Advertisements

„Ние како партија во текот на изминатите денови припремавме неколку предлог-законски решенија и ќе ги презентираме на таа јавна расправа. Имаме два конкретни предлога – прво да има присутен полицаец пред и во секое училиште за време на одвивање на наставата и тој полицаец би се грижел за безбедноста на влезот во училиштето и на пешачките премини и секако за безбедоста на училиштето, гледајќи што се случува со некои инциденти во регионот. Вториот предлог ќе биде сериозно заострување на казните за тешките прекршоци во сообраќајот кои дури ќе вклучуваат и одземање на возилото по примерот на некои европски земји“, изјави Филипче одговарајќи на новинарски прашања.

На новинарско прашање зошто партијата ќе бара зголемување на казните во сообраќајот бидејќи додека беше на власт во 2021 година ги намали преку законски измени за безбедноста во сообраќајот, Филипче вели:

„Секој еден несакан настан треба да не поттикне да размислуваме за подобрување на системот.“

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button