Мицкоски по суспендирањето на УСАИД: Време да се засукат ракави
Мицкоски по суспендирањето на УСАИД: Време да се засукат ракави

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека најавата за замрзнување на програмите на УСАИД од страна на новата американска администрација „треба да не освести, да не отрезни и да сфатиме дека во иднина ќе треба самите за себе да се грижиме и да градиме наше заедничко општество“.
Од друга страна, лидерот на опозициската СДСМ Венко Филипче убеден е дека САД ќе најдат начин да ја поддржат Македонија.
Според Арбер Адеми од ДУИ земјата нема да страда финансиски.
“Тоа е одлука која ги вклучува сите држави, не само Република Македонија. Секако, таа одлука, во врска со помошта на државите, се ревидира и верувам дека Република Македонија нема да страда од финансиска поддршка за спроведување на многу важните процеси во нашата земја„, рече Арбер Адеми, ДУИ.
Од 1993 година, американскиот народ преку Агенцијата за меѓународен развој на САД, даде повеќе од 840 милиони долари на Македонија, за да ја унапреди земјата кон нејзината цел за евроатлантска интеграција, вклучувајќи ги ЕУ и НАТО. Помошта беше обезбедена за борба против корупцијата, зголемување на одговорноста и транспарентноста, промовирање на граѓански активизам и младината. Но не само тоа, помошта беше исто така за економскиот развој, зајакнување на енергетскиот сектор, и за сајбер безбедноста. И покрај континуираните американски инвестиции во зајакнување на демократијата и институциите, Македонија продолжи да се соочуваа со еден од најголемите непријатели на владеењето на правото, корупцијата. Амбасадорите постојано даваат директни критики за недостатокот на резултати, особено во борбата против корупцијата и организираниот криминал, кои се можеби една од причините зошто земјата е напуштена од страна на младите луѓе./Алсат.мк
Суад Бајрами