ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Амбасадорката на САД, Кејт Бирнс се надева дека и со новата администрација ќе остане на должност во земјава

Амбасадорката на САД во земјава, Кејт Бирнс, во вечерашното гостување во емисијата „200“ на Алсат изрази надеж дека и по доаѓањето на власт на новоизбраниот претседател, Џо Бајден, ќе продолжи да ја извршува својата дипломатска функција во земјава.

Advertisements

„Моја надеж и чест е да продолжам со службата во Северна Македонија, ова е најдобрата задача којашто сум ја имала во животот, најголемата чест и се надевам дека ќе ми биде дозволено да продолжам да ја извршувам. Мислам дека во 2021 година ќе има многу можности. Ќе има големи предизвици, но и можности. Се надевам дека тука можам да напредувам, во смисла на користењето на нашето стратешко партнерство, за добро на граѓаните од двете земји“, рече Бирнс.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button