ВЕСТИСВЕТ

Сенаторка на возраст од 90 години ќе одлучува за довербата на италијанската влада!

Коалициската влада во Италија е во криза предизвикана од малата партија – Италија Вива, предводена од Матео Ренци, кој ја напушти коалицијата пред седум дена.

Advertisements

Владата на премиерот Конте, составена од партии од левиот центар, вчера доби поддршка во долниот дом на парламентот.

Денес, сепак, ќе биде потешко да се постигне мнозинство во Сенатот што ќе ѝ овозможи на сегашната влада да продолжи да работи.

Во меѓувреме, италијанскиот печат се занимава со доживотната сенаторка Лилиjана Сегре, која вчера пристигна во Рим од Милано за да присуствува на седницата.

Таа има 90 години, го преживеала концентрациониот логор Аушвиц и покрај советите на лекарите да не патува, таа одлучи „дека ова е моментот кога треба да ѝ се помогне на владата и на земјата“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button