ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Судскиот совет почна со разгледување на списите од претходниот случај со Јованов

Судскиот совет започна со разгледување на списите од претходните случаи со 20-годишниот Васил Јованов, кој под дејство на алкохол, без возачка дозвола и на црвено светло ја прегази 22-годишната Фросина Кулакова. Камбовски рече дека судскиот совет ќе ги земе предвид сите инидиции за евентуално сторено кривично дело во врска со овој случај.

Advertisements

„Започнавме, разгледуваме, а утре и формално ќе биде формирана Комисија од страна на судскиот совет и по извршениот увид ќе излеземе со став и ќе кажеме дали имало пропуст или немало“, рече Александар Камбовски, претседател на Судски совет.

Прашање: Што се ќе биде предмет на истрага дали само пресудата претходна, или?

„Општо, се што имаше во јавноста како забелешка излезено, по сето тоа ќе се постапува“, вели Камбовски.

Откако Јованов ја усмрти Кулакова на булеварот Партизански одреди додека таа поминувала на пешачки премин, во јавноста се појавија бројни информации дека Јованов од претходно им бил познат на органите на прогонот поради поседување и недозволена трговија со дрога. Но, токму по налог на судијката Алексоска Стојаноска тој бил ослободен од притвор кој му го одредило обвинителството и бил испратен во воспитно-поправна установа. Неофицијално судијката му го укинала притворот откако Јованов пред судот поднел документација дека тој користи наркотични средства само за лична употреба. Покрај тоа што судски ќе го чешла овој случај, обвинителството соопшти дека ја проширува истрагата и дека во неа ќе бидат опфатени и родителите на Јованов.

По смртта на Кулакова, беа организирани два протеста во Скопје како и протестни маршови во Кавадарци и Неготино, а демонстрантите побараа најстроги казни за Јованов и одговорност кај судијката која го ослободила од притвор.

Михајло Донев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button