Мицкоски очекува јавен притсок за промени во судскиот совет
Мицкоски очекува јавен притсок за промени во судскиот совет

Премиерот очекува под влијание на притисок од јавноста членовите на судскиот совет да си поднесат оставки. На прашањето како ќе се бираат нови членови на советот тој рече дека тоа ќе се прави согласно законот кој во тој момент ќе биде на сила, но потенцираше дека најпрво треба да се искористи јавноста за да има промени во актуелниот состав на советот.
„Инаку кои се алатките, еве да нема дилема алатката е јавноста, ќе се бориме јавно, вистината е најпрецизна во јавноста, ќе се бориме со јавноста. Ценам дека јавноста не е задоволна од работењето на овој судски совет, од овој состав на овој судски совет, и мислам дека нема подобра алатка од јавноста. (јавен притисок на тоа мислите) Па апсолутно”, рече Христијан Мицкоски, премиер.
За иницијативата на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ за интерпелација на членовите на советот избрани од Собранието, Мицкоски вели дека тоа е алатка која законодавниот дом може да ја искористи, но на крај дури и да се изгласа интерпелацијата, сепак членовите се тие кои ќе мора да одлучат дали ќе отстапат од позицијата во советот.
„Нив до последно ги штити законот, се разбира, таков е законот, тие можат и да речат не си поднесуваме оставка ќе тераме додека не ни завршат мандатите, што се надевам дека нема да се случи, мислам дека ќе бидат доблесни доколку се изгласа интерпелацијата, односно доколку заклучокот на пратениците е да има промени, да тие си заминат„, додаде Христијан Мицкоски, премиер.
Одговарајќи на новинарско прашање што ќе се случува со советот на јавни обвинители, кој исто така беше на мета на критики на власта, Мицкоски рече дека во наредниот период ќе следуваат многу реформи, меѓутоа истакна дека не сака да зборува со заканувачки тон и дека треба да се остави времето да покаже какви промени ќе следуваат./Алсат.мк
Михаило Донев