Времето денеска: Наутро студено, преку ден сончево со температури до 11 степени

Времето денеска наутро ќе биде студено, а преку ден сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -1, а максималната ќе достигне од 4 до 11 Целзиусови степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Во Скопје, исто така, се очекува наутро да биде студено, а преку ден сончево време, со мала до умерена облачност. Се очекува и слаб ветер од југоисточен правец. Се прогнозира минималната температура да се спушти до -5, а максималната да достигне 9 степени.
Синоптичарите најавуваат до среда да се задржи стабилно и суво време со студени утра, а потоа утринските температури да бидат во постепен пораст. Во среда во текот на ноќта и во четврток, се очекуваат повремени локални врнежи, претежно од снег.