ВЕСТИСВЕТ

Украина можеби некогаш ќе биде руска, а можеби и не – вели Трамп во интервју за Фокс њуз

Американскиот претседател Доналд Трамп ја изнесе идејата дека Украина можеби некогаш ќе биде руска. Оваа негова изјава доаѓа во пресрет на средбата на неговиот потпретседател Џеј-Ди Венс со украинскиот претседател Володимир Зеленски подоцна оваа недела.

За речиси тригодишната војна на Русија со Украина и неговите намери за ставање крај на конфликтот, Трамп зборуваше во интервју за телевизијата Фокс њуз, емитувано вчера.

Advertisements

„Можеби ќе склучат договор, можеби нема да склучат договор. Можеби ќе бидат Руси некогаш или можеби нема да бидат Руси“, рече тој.

Американскиот претседател, исто така, повика на размена на американската помош за природните ресурси на Киев, како што се ретките минерали.

Тој вчера потврди и дека наскоро ќе го испрати во Украина својот специјален пратеник Кит Келог, кој има задача да подготви предлог за запирање на борбите.

Американскиот претседателот врши притисок за брз крај на конфликтот, додека Зеленски бара строги безбедносни гаранции од Вашингтон како дел од каков било договор со Русија.

Извор: Guardian

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button