ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

По седница на Владата ќе се донесат мерки за намалување цените на производите

Се разгледуваат неколку мерки за да се намалат цените на производите, но одлуката ќе се донесе по брифингот и анализата на Државниот пазарен инспекторат на денешната Владина седница, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, кој одговараше на новинарски прашање за тоа кои мерки ќе се донесат за да се намалат цените на производите. Тој информира дека една од мерките која тој лично ќе ја предложи е ланците на супер маркети на своите веб страници да ги објавуваат цените на производите.

Advertisements

-Навистина не би сакал да шпекулирам, но еве една којашто би сакам да ја кажам и да ја предложам на Влада е да сите ланци на супер маркети, хипер маркети да имаат јавна веб страна, транспарентна на којашто ќе ги објават сите цени, на сите производи коишто ги имаат во своите маркети,за да можат граѓаните да видат јасно колкави се цените, и тие самите да одлучуваат, како што имаат некои земји во светот и да ги следиме ние тие трендови и да правиме некаков хистограм на движење на тие цени, изјави Мицкоски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button