МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Владата ветуваше борба против корупцијата, а ја доведе земјата до најслаба позиција од 2019 г.

Владата ветуваше беспоштедна борба против корупцијата, но за само осум месеци успеа да ја доведе Македонија до најслабата позиција на скалата во последните пет години, реагираат од опозицискиот СДСМ за рангирањето на земјава на 88. место според Индексот на перцепција на корупцијата за 2024 година на „Транспаренси интернешнл“.

„Со падот на два поени и рангирањето на 88. место, граѓаните јасно покажуваат дека немаат доверба во нивните политики и дека корупцијата е полоша од кога било. Резултатите од извештајot на ‘Транспаренси интернешнл’ се уште еден доказ за неспособноста и неуспехот на Владата предводена од ДПМНЕ. Македонија бележи катастрофален пад од 12 места во Индексот за корупцијата за 2024 година, што e прво назадување од 2019 г.“, велат од СДСМ.

Advertisements

Опозиционерите оценија дека за разлика од соседните земји како Албанија и Косово, кои имаат напредок од неколку места на листата, земјава се уназадува, а одговорноста за овој неуспех го лоцираа кај Владата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button