МАКЕДОНИЈА

Велешанец се обидел да силува жена во возило во скопски Аеродорм – ОЈО Скопје бара притвор

Велешанец на возраст од 53 години се сомничи дека со употреба на сила, а против волјата на оштетената, се обидел врз неа да изврши полов однос, велат од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје, додавајќи дека настанот се случил во скопската населба Аеродром.

Advertisements

Протов него е донесена наредба за спроведување истражна постапка поради обид да изврши кривично дело – полов напад и силување.

„Откако жртвата пружила активен отпор со удирање со рацете и нозете и гласно викање за помош, осомничениот излегол од возилото каде го извршил нападот и побегнал“, се вели во соопштението од Обвинителството.

Оттаму велат дека јавен обвинител до судија на претходна постапка од Кривиниот суд доставил предлог за определување мерка притвор бидејќи постојат околности дека осомничениот може да се даде во бегство или да влијае врз сведоците или да го повтори или доврши обиденото кривично дело.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button