ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Еден загинат и двајца ранети во престрелка што синоќа околу полноќ се случила во скопски Чаир

Еден загинат и двајца ранети во престрелка што синоќа околу полноќ се случила во скопски Чаир

Непосредно пред полноќ, во близина на трговски центар овде во Скопје Север, дошло до престрелка, при што едно лице загинало, а две други се повредени. Како што се уште може да се забележи на теренот, трагите се се уште свежи, додека истражните екипи ја вршат својата работа. Според полициските информации, станува збор за сообраќаен спор, додека Алсат дознава дека се истражуваат повеќе траги.
Лицето кое почина како последица на прострелни рани е 35-годишниот Хебиб Буњаку од Скопје.

Advertisements

„На 11.02.2025 година, во 00:06 часот, од Општата болница „Свети Наум Охридски“ било пријавено дека со прострелни рани кај нив биле донесени Х.Б.(35) и А.Д.(35), двајцата од Скопје, и дека подоцна Х.Б. починал, додека на А.Д. му е извршена интервенција и е задржан на лекување. Поради прострелни рани, во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ е пренесен и Н.Д. од Скопје“, рече МВР.

По преземени мерки и поради сомнение дека учествувале во престрелката, полицијата привела 4 лица, 39-годишниот Б.Б., 22-годишниот Н.Д., 41-годишниот Р.Р и 28-годишниот К.Т., сите од Скопје. Исто така, по преземени мерки на местото на настанот се пронајдени два пиштоли и други предмети поврзани со случајот. Од полицијата соопштуваат дека лицата се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни мерки. Обвинителството соопшти дека на местото на настанот се пронајдени докази и чаура, а се разгледуваат и снимките од безбедносните камери.

„Според првичните податоци, во престрелката учествувале повеќе лица, а од местото на настанот се земени докази и чаури кои ќе бидат предмет на вештачење. Добиени се и снимки од безбедносните камери, кои се прегледуваат„, велат од Обвинителство.

Телото на починатиот е предадено на обдукција, а се работи на целосно расчистување на случајот./Алсат.мк

Ајнур Бафќари

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button