ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Македонската борба против корупција бележи пад од 12 места

Македонската борба против корупција бележи пад од 12 места

Со два поени помалку и пад од дури 12 позиции во однос на 2023 година, Северна Македонија се најде на 88-мото место од вкупно 180 земји според Индексот за перцепција на корупцијата за 2024 година кој го објавува Транспаренси Интернешнл. Скандалите во судскиот совет и советот на јавни обвинители беа посочени како главни фактори за лошата оценка.

Advertisements

“Овие негативни резултати се последица на големиот број на скандали кои се случија минатата година, а особено од областа на судството, судскиот совет и академијата за судии и јавни обвинители, неказнивоста на високата корупција поврзана со лица на јавни позиции, идициите за политичко влијание на судството, лошата контрола на судскиот совет која ја врши врз судиите и 40-те препораки на оценската мисија на Европската Унија, кршењето на законот со изборот на кандидати на академијата за судии и јавни обвинители за време на избори”, рече Благоја Пандовски, директор на „Транспаренси Интернешнл Македонија.

Партиите пак различно го толкуваат бодувањето – за премиерот Мицкоски извештајот е логичен и дури очекувал да биде полош, вели тој е последица на претходното владеење и дека лошите политики нема да се повторат во иднина.

„Нема да ни се повтори повеќе „Соравија“ во центар на Скопје, нема да ни се повторат измени на кривичен законик со злоупотреба на европско знаме, нема да ни се повторуваат „бентли“, „астон мартин“, „ролс ројс“, автомобили на блиски роднини на нашите семејства. Нема да ни се повторат наместени тендери, парцели за фотонапонски централи на високи владини функционери и така натаму и така натаму. Сето тоа е нотирано тука и ни е добра основа за понатаму да следиме дали ќе напредуваме, ќе бидеме подобри или ќе бидеме полоши„, рече Христијан Мицкоски, премиер.

На оваа листа во 2023 година земјава имаше само 2 поени повеќе, но беше рангирана на 76 позиција, па според СДСМ тоа е доказ дека перцепцијата за корупција тогаш било драстично помала, а за сегашниот резултат прстот го вперија кон ВМРОД-ДПМНЕ.

„Оваа Влада ветуваше „беспоштедна борба против корупцијата“, но за само осум месеци успеа да ја доведе Македонија до најслабата позиција на скалата во последните пет години. Одговорноста за овој неуспех е кај Владата, наместо да ја лаже јавноста со празни ветувања и пропаганда треба да покаже системски мерки„, велат од СДСМ.

Резултатите за Македонија не се добри ниту во регионални, па така пред нас се Албанија на 80-тото место со 42 поени потоа Косово на 73-позиција со 44 поени, а најдобро котира Црна Гора со 46 поени на 65-тото место. Полошо бодувани на оваа листа од земјите од регионот единствено се Србија која е на 105-тата позиција со 35 поени и Босна и Херцеговина на 114 место со 33 поени./Алсат.мк

Михајло ДОнев

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button