ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Продолжува изборот на членови на АВМУ

Продолжува изборот на членови на АВМУ

И покрај меѓународните критики и повици за избор на непристрасни и компетентни членови во Советот на Агенцијата за аудиовизуелни услуги, постапката нема да биде прекината. Премиерот Мицкоски вели дека не ги коментира изјавите во оваа насока, туку дека ќе биде избран секој што ќе ги исполни законските услови. Изборот на новите членови на Агенцијата за медиуми е на дневен ред на утрешната седница.

Advertisements

Од СДСМ денеска информираа дека постапката продолжува во Собранието, согласно Деловникот.
Пред неколку дена, Делегацијата на ЕУ во Скопје ја истакна потребата од избор на професионални кандидати во Советот на Агенцијата за медиуми, додека Германската амбасада оцени дека се загрижувачки критиките кои доаѓаат од страна на медиумските претставници за имињата на кандидатите.
На седницата на Комисијата за избори и именувања имињата кои го поминаа филтерот беа избрани на предлог на ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ, СДСМ и ЗНАМ и добија по еднаков број гласови. Европскиот фронт обвини за политизирање на медиумската регулаторна институција.

Најмногу се зборуваше за Нафије Селмани, која беше советник на Алтернатива во општина Чаир, кандидатка за градоначалник на Скопје од Движењето Беса и кандидат за пратеник на последните парламентарни избори под логото на коалицијата ВРЕДИ. Контроверзен беше и изборот на Афрона Верзиволи, која беше назначена, а потоа разрешена од актуелната власт како главен ревизор на ИПА фондовите поради немање на сертификат. Антикорупциската комисија отвори предмети за да го процени начинот на нивниот избор./Алсат.мк

Фатлуме Дервиши

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button