ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Времето денеска: Студено утро, преку ден облачно

Утрото ќе биде студено, а преку ден умерено до значително облачно, информираат од Управата за хидрометеролошки работи (УХМР).

Advertisements

Во западните и источните планински региони, попладне и кон крајот на денот ќе има повремени врнежи од снег.

„Минималната температура ќе биде од -8 до 0, а максималната ќе достигне од 3 до 8 степени“, прогнозираат синоптичарите.

Во Скопје утрото ќе иде студено, а во текот на денот променливо облачно со кратки сончеви периоди.

„Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени“, велат од УХМР.

Во текот на утрешниот ден во планинските региони ќе има повремен локален снег, а на повисоките места во западните и северните делови од земјата ќе врне повремен дожд и снег.

Следните два дена, времето ќе биде стабилно и суво. Врнежи од дожд, а на планините од снег се очекуваат во недела.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button