САД ќе банкротираат без кратења на федералните трошоци, смета Маск

Технолошкиот магнат Илон Маск, кој раководи со Одделот за ефикаснот на Владата смета дека без кратења на федералните трошоци, Соединетите Американски Држави (САД) одат кон банкрот.
„Имаме дефицит од два трилиони долари и ако не преземеме нешто за дој дефицит, земјата ќе банкротира“, рече тој во Белата куќа во присуство на американскиот претседател Доналд Трамп.
Трамп, пак, изминатите недели објави низа наредби насочени кон намалување на федералните трошоци.
Според американските медиуми, Трамп се очекува денеска да потпише наредба со која ќе им нареди на сите владини агенции, во соработка со Одделот за владина ефикаснот, на чело со Илон Маск да ја намалат работната сила и да го ограничат вработувањето на клучни позиции.
Трамп веќе најави дека Одделот со која раководи Маск открил злоупотреба на милијарди долари, во како што рече, измами и расипништво, за што ја обвини претходната американска влада.
„Останува уште многу да сее истражи“, рече Трамп.