ВЕСТИРЕГИОН

Силен земјотрес во Хрватска ја помести камбанаријата на островот Паг

Земјотрес од 4,8 степени според Рихтеровата скала што синоќа ја погоди централна Далмација предизвика мали оштетувања на верски објекти.

Засега е познато оштетувањето на камбанаријата на хрватскиот остров Паг. Според извештаите на надлежните служби, камбанаријата се поместила од потресот што го погоди регионот на Далмација во 18:43 часот вчера.

Advertisements

Поради опасност од паѓање на делови од камбанаријата, просторот е ограден за да се спречи пристапот до објектот. Денеска се очекува детален увид на камбанаријата. Еден ден претходно, на островот Паг беше регистриран земјотрес со јачина од 3 степени според Рихтеровата скала.

Според досегашните информации на Управата за цивилна заштита, не се пријавени повредени лица или значителна материјална штета по вчерашниот потрес во Хрватска.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button