СВЕТ
Вулканот Килауеа на Хаваите повторно почна да исфрла лава

Вулканот Килауеа на Хаваите, еден од најактивните во светот, повторно почна да исфрла лава на Големиот остров во архипелагот, објавија денеска американските медиуми.
Овој вулкан, на околу 320 километри од главниот град Хонолулу, исфрла лава наизменично речиси два месеци, од 23 декември, пренесува NBC News.
Лавата засега не се заканува на ниту едно населено место.