ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Времето денеска: Променливо облачно со повремен дожд, а на планините со снег

Променливо облачно време со повремени врнежи од дожд е прогонозата за денеска од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Врнежите во планинските делови од земјата ќе бидат од снег, а на повисоките места во западните и северните делови понекаде ќе има врнежи од повремен дожд кој ќе преминува во снег. Во текот на денот ќе дува и слаб до умерен ветер од југоисточен правец кој ќе биде поизразен вдолж Повардарието. Утринската температура ќе биде од минус 5 до 2 Целзиусови степени, а во текот на денот од 2 до 8 степени.

Advertisements

Во Скопје, по студеното утро во текот на денот времето ќе биде умерено до значително облачно со кратки сончеви периоди, а ќе дува и слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурата ќе биде од нула до 8 степени.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button