Алијанса и Алтернатива инсистираат: Пописот да се спроведува од Државна комисија

Коалицијата Алијанса- Алтернатива ќе го поддржи Законот за попис и покрај тоа што владата не ги прифати амандманите и сугестиите на опозицијата. Претседателот на Алијанса за Албанците, Зиадин Села рече дека владата ја одби подадената рака на коалицијата Алијанса- Алтернатива, која понуди соработка за креирање подобар Закон за попис.
„Тој ден влегува на дневен ред со забрзана постапка, претседателот на комисијата за европски прашања, Арбер Адеми веднаш ја свикува комисијата за европски прашања. За да немате време да поднесете ниту амандмани. Седница, каква е ова нетранспарентност? Зошто се плашат, од кого добиле наредби, зошто одговараат на нашата подадена рака со толку ниски игри? За кого работат овие луѓе! Иако имаа две недели, тие веднаш го пратија“, рече Зиадин Села, претседател на Алијанса за Албанците.
А претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, рече дека Владата е таа која во вакви моменти треба да подаде рака, но такво нешто не се случува ниту за други важни државни прашања.
„Коалицијата Алијанса- Алтернатива подготви амандмани за законот за попис, но тие не прифатија ниту еден амандман, но ние поради тоа што ова е државен интерес, ќе гласаме за него. А тие продолжуваат во вакви случаи, во вакви важни моменти за државата да одат сами, без да слушаат никого, ниедна друга партија, ниту експертите, ниту граѓаните и така натаму“, изјави Африм Гаши, претседател на Алтернатива.
Коалицијата Алијанса – Алтернатива настојува пописот наместо Заводот за статистика да го спроведе Државна комисија во која ќе има претставници од сите партии.
Мефаил Исмаили