ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Трамп најави каде очекува да се случи првата средба со Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека очекува да се сретне со неговиот руски колега Владимир Путин во Саудиска Арабија, откако претходно во телефонски разговор се договориле веднаш да започнат преговори за ставање крај на војната во Украина.

Advertisements

„На крајот очекуваме да се сретнеме. Всушност, очекуваме дека тој ќе дојде овде, а јас ќе одам таму, и ќе се сретнеме веројатно во Саудиска Арабија за прв пат, ќе се сретнеме во Саудиска Арабија, да видиме дали можеме да направиме нешто“, вели Трамп, пренесува „Политико“.

Трамп додава дека датумот за состанокот „не е одреден“, но дека тоа ќе се случи во „не толку далечна иднина“.

Тој посочи дека на состанокот ќе учествува саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button