
Најмалку 15 лица се повредени денеска кога автомобил влета во група луѓе во Минхен, соопшти полицијата.
Се тврди дека околу 10:30 часот возачот забрзал, а потоа налетал на демонстрантите во Минхен кои се собрале на повик на синдикатот на работниците Верди.
Возачот е фатен и, според полицијата, не претставува опасност за околината.