АХВ изрече казни од 82 илјади евра за големите ланци на маркети

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) неделава, од 10-ти до 12 февруари, спроведоа 124 вонредни контроли кај големите маркети низ земјава кои имаат ланци на супермаркети, дисконти и хипер маркети. Притоа се донесени 47 решенија за утврдени недоследности и изречени се 29 парични казни во вкупна вредност од 82 илјади евра. Нештетно се уништени и 22,3 тони небезбедна храна, од кои најголем дел месо.
Кај 15 оператори се утврдени незадоволителни хигиенски и технички услови во објектот, кај 12 е најдена храна со поминат рок на употреба, а кај 5 храна без следливост, со оштетена амбалажа, недекларирана.
Тројца од контролираните оператори не извршиле задолжителни здравствени прегледи за вработените, 10 не воделе записи за HACCP, Дора хигиенска и Добра производствена пракса. Кај 4 оператори се најдени несоодветно означени производи, а еден објект не бил регистриран.