СВЕТ

Руте: За да останеме безбедни треба да трошиме повеќе за одбраната

За да останеме безбедни и да спречиме војна, треба да трошиме многу повеќе за одбраната, особено во Европа и Канада, порача денеска генералниот секретар на НАТО, Марк Руте во воведното обраќање на заседанието на Северноатлантскиот совет во Брисел на кое учествува и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Advertisements

– Сите сојузници ги зголемија одбранбените инвестиции во последниве години и европските сојузници сега носат многу поголем дел од товарот отколку порано. Во последните 10 години, европските сојузници и Канада издвоија дополнителни над 700 милијарди американски долари за одбраната, рече Руте.

Тој потенцира дека лани земјите членки на НАТО од Европа и Канада инвестирале речиси 500 милијарди долари во одбраната, што е 20 отсто повеќе во споредба со 2023 година.

– Но, сепак, тоа е далеку од доволно. Треба да направиме многу, многу повеќе. Дека можеме да го направиме тоа, доказ е она што го направивме во 2023 и во 2024 година, истакна Руте.

Според него, покрај зголемените издвојувања приоритет мора да биде и растот на производството за потребите на одбраната и зајакнувањето на одбранбената индустрија ширум Алијансата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button