ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Возачи од Тетово и од Куманово осомничени за шверцот на марихуаната

Над 700 илјади евра е вредноста на  марихуаната  која пред неколку дена беше запленета на границата со Грција, на граничниот премин Богородица. Две лица се уапсени под сомнение за шверц на дрога. Полицијата подолго време го следи транспортниот канал кој го користела организираната криминална група. Главни осомничени се возач на камион од Тетово и еден од Куманово.

Advertisements

Директорот на полицијата Александар Јанев изјави дека истрагата за конкретниот случај се проширува и се преземаат дополнителни оперативни мерки за разоткривање на целата криминална шема.

Камионот во кој е пронајдена дрогата бил наменет за Турција. Криминалната група планирала да ја прошверцува низ Грција. Полицијата и Царината дојдоа до заклучок дека постои сомневање за криминална активност благодарение на анализата која покажа дека транспортот на хартија за рециклирање чини повеќе од профитот од нејзино рециклирање во Турција.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button