ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пратениците имаат рок од 6 месеци да ги коригираат спорните членови од Кривичниот законик

Скандалозните измени на Кривичниот законик одобрени на 6 септември 2023 година повторно се во фокусот на јавноста. Уставниот суд отвори иницијатива, давајќи му на Собранието рок од шест месеци да ги коригира оспорените законски одредби со кои се намалија казните за злоупотреба на службената должност и злосторничко здружување, а стотици функционери се спасија од кривично гонење.

Advertisements

Но, како се изгласаа овие амандмани за кои и уставните судии вчера прогласија дека нанеле непоправлива штета? Група експерти во Министерството за правда подготвуваа целосно нов Кривичен законик, кога Владата предводена од Димитар Ковачевски интервенираше со амандмани под изговор дека има некои итни прашања и им предложи на пратениците измени на Кривичниот законик по брза постапка, злоупотребувајќи го европското знаме. Образложението беше дека овие измени треба да се усогласат со европското законодавство.

Иако беше на чело на Министерството за правда, Кренар Љога целосно ја избегна одговорноста за  измените кои беа одобрени од владата на која и припаѓаше тој и неговата партија. Тој самиот не ги потпиша, но не направил ништо ниту да ги блокира. Промените ги потпиша неговата заменичка Викторија Аврамовска Мадиќ. Љога негираше дека има несогласувањето со неговата заменичка за овие измени со оправдување дека таа сепак има надлежности, а главната одговорност е на пратениците.

„Заменик министерот има право, како и секој министер во Владата, да предложи што било кога министерот е отсутен, па останува на поддршката на владата да гласа дали е за или не. Како и да е и да биде како што велите вие за предлогот. Одговорноста е на Собранието на Република Северна Македонија. Односно тие измени се направени со гласање на одредени пратеници“, вели Љога.

Измените во Собранието се изгласани со молскавична брзина. Тие на 4 септември беа доставени до Собранието со потпис на Ковачевски и Мадиќ како овластен предлагач.

Амандманите, како што можете да видите во извештајот од гласањето, ги изгласаа пратениците на СДСМ и ДУИ, додека пратениците на Алијанса за Албанците и покрај тоа што беа присутни, воопшто не гласаа.

Амандманите беа изгласани во Собрание на 6 септември, само два дена откако беа поднесени и за нив немаше јавна расправа. Истите беа одобрени на нетранспарентен начин и со злоупотреба на европското знаме.

Сепак, Европската унија ги демантираше властите во земјата, изразувајќи загриженост и критики за одобрувањето на измените, бидејќи тие ги намалуваат казните и имаат импликации за стареење на случаите на корупција на високо ниво.

„Жалиме поради недостатокот на општи консултации со домашните чинители и Европската комисија пред нивното усвојување, но и за употребата на европското знаме, кое треба да биде конзистентно и јасно поврзано со законите кои првично имаат за цел целосно да го усогласат националното право со правото на ЕУ“, наведоа од ЕК.

Измените беа проследени со остра реторика дури и од внатрешни експерти, а единствени кои се радуваа и навиваа беа стотиците функционери кои беа вмешани во злоупотреба на јавните средства. Многу предмети, главно оние на поранешното Специјално обвинителство, застарија, меѓу кои и оној за масовното следење на граѓаните.

Суад Бајрами

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button