ВЕСТИСВЕТ

Трамп: Претставници на САД и Русија денеска ќе се сретнат во Минхен, поканета е и Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека претставници на САД и Русија денеска ќе се сретнат во Минхен, на првиот ден од Минхенската безбедносна конференција. Поканета, како што рече, е и Украина.

„Ќе имаат состанок во Минхен во петок. И Украина, инаку, исто така е поканета. Не сум сигурен точно кој од која земја ќе биде таму, но ќе има луѓе на високо ниво од Русија, Украина и САД“, рече Трамп одговарајќи на новинарски прашања во Белата куќа во четвртокот.

Advertisements

На прашањето за дополнителни детали, Белата куќа одби да коментира.

Во меѓувреме, советникот за комуникации на украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина не очекува да разговара со претставници на Русија во Минхен, додавајќи дека верува оти на САД, Европа и Украина им е потребен заеднички став пред разговорите со Москва.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button