
Силен дожд ја погоди Јужна Калифорнија, предизвикувајќи поплави, лизгање на земјиштето и сериозни сообраќајни несреќи, објави Ројтерс.
Во Малибу одрони однеле возило на противпожарната служба во Лос Анџелес, но пожарникарот кој бил во возилото успеал да излезе и се здобил со полесни повреди.
На места сообраќајот е целосно блокиран поради насобраните слоеви кал и карпи.