Палевски повторно бара изземање на тројца обвинители

Љупчо Палевски на денешното рочиште за убиството на Вања и Панче повторно побара изземање на тројца обвинители поради пристрасност и злоупотреба на јавнообвинителската служба.
Првообвинетиот за двојното убуство, бара изземање на обвинителките во предметот Жаклина Крстевска Јосифовска и Ана Стојковиќ Димитриевска и шефот на ОЈО Скопје, Гаврил Бубевски.
„Фалсификувале податоци, телефонска анализа со цел нивниот сведок Ерол Османи да може да лаже“ рече Палевски и на судот му приложи докази зошто го повторно барал изземање бидејќи како што кажа имало нова околност.
Тврди дека во критичното време, табелата од базните станици била празна, односно немало податоци каде се наоѓал Палевски на 22.11.2023 година кога беше убиен пензионерот од Велес, Панче Жежовски.