ВМРО-ДПМНЕ: Ниту се разговарало за промена на химната, ниту во иднина ќе се разговара

ВМРО-ДПМНЕ денеска демантира дека било кога се разговарало, ниту пак дека ќе се разговара за промена на химната и порачува граѓаните да бидат спокојни.
-ДУИ матрицата на етнизирање на сите важни прашања, и СДС пинг понг политиката треба да престане. Ниту некогаш било разговарано за промена на химната, ниту пак, во иднина ќе се разговара. Граѓаните може да бидат спокојни. Времето на ДУИ и СДС на губење и порази на сите теми, со цел да се затскрие криминалот, помина, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ се сомнева дека покрај разговорите за промена на изгледот на македонскиот државен грб, може да се разговара и за промена на химната.
-Конкретно сметам дека првата дилема што се поставува е дали можеби внатре во коалицијата со ВЛЕН, давајќи го овој предлог за измена на државниот грб, не се разговара и за измена на химната. И тоа е нешто на што ВМРО-ДПМНЕ треба да одговори, рече вчера лидерот на СДСМ Венко Филипче.