ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Директорот на РЕК Битола осомничен за незаконски избор на јавна набавка

Основното јавно обвинителство Битола, по пријава од Управата за финансиска полиција, започна постапка против седум лица за злоупотреба на службена положба и овластување, како и против три лица за несовесно работење во службата. Постапката е проширена и за едно правно лице и неговиот управител, кои не биле опфатени во пријавата од УФП. Сомневањата се дека директорот на РЕК Битола, заедно со други осомничени, незаконски избрал поскапа понуда за јавна набавка, што резултирало со значителна штета за државниот буџет.

Advertisements

-Сомненијата се дека првоосомничениот директор на РЕК Битола во постапката за јавна набавка за ископ на инвестициска откривка во Брод Гнеотино, ја искористил службената положба и овластувања и на 19.08.2022 година донел Одлука за избор на најповолна понуда, со која противправно ја отфрлил понудата на едно правно лице, иако таа била најниска. Спротивно на член 112 став 1 од Законот за јавни набавки противправно за најповолна понуда ја избрал поскапата понуда на осомниченото правно лице со кое склучил Договор и рамковна спогодба за ископ на инвестициска откривка во Рудник Брод Гнеотино и Анекс 1 кон Основниот Договор на износ од 849.600.000 денари, стои во соопшението од ОЈО.

Дополнуваат дека вториот, третиот и четвртиот осомничен ја искористиле службената положба и овластување како членови на стручна комисија за евалуација на техничката и професионалната способност на пристигнатите понуди на јавната набавка.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button