ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Судењето за родилката Веапсока повторно одложено

Судењето за родилката Веапсока повторно одложено

По десет месеци пауза, денес во Основниот суд во Струга, продолжи судскиот процес за родилката од Дебар, Јилдиз Веапоска, на која при породување со царски рез во 2020 година, во струшката болница и беа извадени три органи, матка, јајник, и еден бубрег. Но рочиштето беше одложено бидејки одбраната на обвинетите не го прифаќаат супер вештачењето, затоа што не било изготвено од тројца професори од медицинскиот факултет од Скопје туку од еден професор и двајца надворешни членови.

Advertisements

„Приговорот се однесува дека се повикувани надворешни членови, но истакнато е дека и тој што е носител на тимот е дел од судско-медицинскиот одбор, на кого што е доверено вештачењето. Сега ќе треба од страна на институцијата да се произнесат дали при формирањето на тимот имало некакви пречки, поради што се барани надворешни членови или се скокнати членовите од некоја неоправдана причина“, рече Јордан Јованов- судија.

Адвокатот на Јилдиз, Сашо Јанев вели дека станува збор за очајнички чекори на одбраната на обвинетите.

„Одбраната кога ќе е во очај презема и очајнички чекори.Тоа се случи денес. И денес кажувам дека обвинетите во оваа постапка нема да избегаат од одговорност. Суштината овде е што супер вештачењето покажува кој направил пропусти во оперативниот зафат. Не е ништо тектонски променето, јас длабоко верувам дека ќе има осудителна пресува за ова кривично дело“, рече Сашо Јанев- адвокат на Јилдиз.

„Очекувам и барам до судот до судијата и обвинителката да има пресуда и да има затвор, да нема условна казна и еднаш засекогаш да знаат докторите ако има лекарска грешка, дека таа грешка треба да биде пресудена и треба да имаат одговорност за секое сторирено кривично дело“, додаде Јилдиз Веапоска-оштетена.

Првообвинет во случајот е гинеколог од Струга, Мухамед Асани, а потоа неговиот син Блертон Асани. Трето обвинета е докторката Лилјана Јованоска. Тие се товарат за предизвикување тешки дела против здравјето на луѓето./Алсат.мк

Мики Трајковски

 

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button