Истрага за шест лица за убиството на Буњаку во Топанско поле
Истрага за шест лица за убиството на Буњаку во Топанско поле

Основното јавно обвинителство нареди истрага за шест лица за учество во кривичните дела убиство и обид за убиство. Случајот се однесува на убиството и пукањето ноќта помеѓу 10 и 11 февруари, во Топанско поле, Скопје, каде што беше убиен 35-годишниот Хебиб Буњаку. Постапката е поведена и против две лица за сторено кривично дело помагање, бидејќи по настанот, сокриле два пиштола.
“На критичниот ден, на паркинг на улица „Втора Македонска Бригада“, по вербален судир во сообраќај, во поликлиниката Чаир, започнала престрелката помеѓу двете групи, во која првоосмничениот 28-годишник, со употреба на оружје намерно го лишил од живот Хебиб Буњаку и го загрозил животот на друго лице. Пет други осомничени, исто така, учествувале во престрелката, помагајќи во извршување на кривично дејствие. Последните двајца осомничени, по пукањето, сокриле два од пиштолите што биле употребени во инцидентот”,велат од Јавното обвинителство.
Јавниот обвинител предложи притвор за двајца осомничени за убиство и обид за убиство, како и куќен притвор за еден од осомничените. Притвор се предлага и за две лица осомничени за помагање на сторителот, по извршување на кривичното дело. Полицијата сè уште трага по три лица, додека сè уште се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот./Алсат.мк
Зекирија Хаџиу