ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Сообраќајните патроли остануваат на улица на неопределено време

Сообраќајните патроли остануваат на улица на неопределено време

Полицијата го интензивираше присуствот на терен низ главниот град, со нулта толеранција за прекршителите на сообраќајните правила.

Advertisements

Полициските операции во Скопје се интензивирани, а околу 60 полицајци од други градови дојдоа на помош да се обезбеди безбедноста во сообраќајот во главниот град.

Забележлив е континуитет на актуелниот статистички тренд во поглед на сторените прекршоци согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Зајакнати полициски контроли може да се забележат на улиците на главниот град, како што може да се види зад мене, сега е запрен автомобил кој што се проверува од полицискиот тим. Во овој период се изречени многу глоби, а на листата се оние кои го надминале ограничувањето на брзината, возачите кои немаат возачка дозвола и несоодветно паркирале, а полицијата вели дека не се поштедени ниту пешацитe.

Само за време додека тимот на Алсат престојуваше со патролниот тим, беа констатирани некоку прекршоци, а беа изречени и некои казни.

Додека според податоците на полицијата, само во рок од 5 дена, околу 200 возачи кои биле запрени, немале возачка дозвола, десетици други возеле под дејство на алкохол, додека има случаи на возење нерегистрирани автомобили и технички неправилности.

Нема оправдување за оние кои си играат со безбедноста„, велат од полицијата. Казните и суспендирањата се неизбежни мерки. Во последно време, со разни телефонски апликации и преку социјалните мрежи беа активирани групи кои предупредуваат на полициските патроли во главниот град,по автопатиштата и низ други градови. Таквиот потег според полицијата не е прекршок додека полицијата и полицискиот тим не се фотографираат и постираат по социјалните мрежи.

Од Републичкиот сојуз за безбедност во сообраќајот велат дека полициските контроли се добра мерка на превенција. Оттаму повикуваат на свесно однесување во сообраќајот.

Патролите ќе останат на улиците во главниот град и во наредниот период. Иако претходно беше најавено дека оваа акција ќе биде активна до 15 февруари, со нова уредба, ќе продолжи на неопределено време. Од полициски извори дознаваме дека овие денови кога контролите се зголемени, бројот на сообраќајки е намален од околу 14 на 4 сообраќајки дневно. Од Министерството истакнуваат дека работат на законските измени што треба да овозможат оперативно функционирање на проектот Безбеден град, односно системот за автоматизирано регистрирање сообраќајни прекршоци./Алсат.мк
Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button