Голем интерес и на вториот повик за финансиска помош на општините
Голем интерес и на вториот повик за финансиска помош на општините

Во вториот повик за финансиска поддршка на општините имаше голем интерес за конкурирање со различни проекти. Портпаролката на Владата Венера Азизи, за Алсат изјави дека само во првите денови од овој повик се пристигнати 20 апликации поврзани со проекти од областа на образованието, животната средина, спортот, транспортот, социјалната политика и многу други.
„Со ова имаме за цел да ги оспособиме општините, да имаме функционална децентрализацијата, која всушност е еден од главните столбови на Охридскиот договор. Тука нема грам политика, бидејќи проектите сега и во првиот повик се дадени на сите општини без разлика на градоначалниците на која политичка партија припаѓаат. За нас, граѓаните се важни само граѓаните, нивната благосостојба е важна, подобрување на нивната социјална благосостојба, инфраструктурни услови, изградба на училишта, градинки, базени, библиотеки, патишта и улички и така натаму“, рече Венера Азизи, портпаролка на Владата.
Во меѓувреме, во првиот повик за финансиска поддршка на општините беа издвоени 4,5 милијарди денари. Азизи рече дека со овие средства е обезбедена финансиска поддршка за 288 проекти распределени во 78 општини.
„50 од овие проекти се веќе започнати со реализација, додека во 37 се објавени тендери, што подразбира избор на изведувачи во овие случаи. Апелирам до сите општини да конкурираат, да аплицираат, да бидат запознаени со условите, ги имаат критериумите во секое соодветно министерство од каде доаѓаат проектите. На општините им се достапни 15 милијарди денари преку локалната власт “, додаде Венера Азизи, портпаролка на Владата.
Рокот за вториот повик за финансиска поддршка на општините е отворен до 30 април 2025 година. Средствата од овој повик ќе бидат распределени преку 6 релевантни министерства врз основа на обемот на проектите./Алсат.мк
Мелихате Рустеми