ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Нов рок за изградба на регионалната депонија кај Новаци

Нов рок за изградба на регионалната депонија кај Новаци

Секоја година ново ветување за почеток на изградба на долго најавуваната регионална депонија, за Југозападниот и Пелагонискиот регион, која треба да се гради во Општина Новаци кај Битола. За нецела година од Министерството за животна средина со два различни одговори за тоа кога би почнале работите на нејзината изградба. Еве што одговорија од таму за Алсат во мај 2024 година.

Advertisements

„Активностите за изградба на регионална депонија за Југозападниот и Пелагонискиот региона се одвиваат согласно проектниот план. Во тек е е подготовка на тендерската документација за градба. Во моментов се финализира тендерот за опрема (возила, канти) и за надзор. Градбата ќе почне втора половина на 2025 година“, велат од Министерство за животна средина.
Во одговорот од 15 јануари оваа година, рокот за изградба е поместен за следната година.

Според министерството се очекува во средината на 2025 да се објават тендерите за градба на депонијата и претоварни станици во Дебар, Кичево, Охрид и Прилеп, депонијата во Новаци и надзор над работата. А додека заврши изградбата, жителите на двата региона уште неколку години ќе се дават во смрдеата од ѓубрето кое секојдневно се одлага во дивите депонии, кои се наоѓаат во нивна близина. Отровите од дивата депонија Буково, каде Охрид секојдневно го одлага сопствениот отпад, ја загадуваат почвата, каде се одгледува овошје и зеленчук, алармираат граѓанските активисти.

„Чадењето и запалената депонија која гори цело време, не е најголемиот и единствен проблем. Депонијата е полна со отрови и таа ги загадува подземните води, ја загадува почвата, реките кои поминуваат од таму се сливаат во Охридското Езеро. Почвите на кои ние одгледуваме зеленчук и овошје, тие отрови минуваат и ги загадуваат тие почви. Таа во еден од регионалните планови е категоризирана како високо ризична депонија“, рече Драгана Карашова- граѓански активист- Иницијатива „Збогум Буково“.

Тие бараат итно затворање на депонијата Буково и конелчна изградба на регионалната депонија, која секоја власт досега ја ветува како решение на проблемот.

„Врз основа на она што експертите го кажуваат потребни се 4000 кубици земја за да се покрие целата.Имаме проект за оградување, осветлување и видео надзор, со контрлиран влез внатре во самата депонија, нормално се додека не се заврши целиот процес“, нагласи Кирил Пецаков-градоначалник на Охрид.

Охридската депонија Буково, како и струшката дива депонија требаше да бидат затворени уште во 2021 година по барање на УНЕСКО, но тој процес се уште не е завршен./Алсат.мк

Мики Трајковски

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button