ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

До средината на март ќе знае дали капитацијата за матичните лекари ќе изнесува 100 денари

До средината на март ќе знае дали капитацијата за матичните лекари ќе изнесува 100 денари

Продолжуваат разговорите за зголемување на капитацијата на лекарите од примарната здравствена заштита и во моментов нема конкретна одлука. Разговорите се очекува да завршат до средината на март. Од Фондот за здравство не посочуваат дали ќе се исполни барањето на Здружението на приватни лекари за зголемување на капитацијата на матичните лекари на 100 денари.

Advertisements

„Во моментов се водат преговори на ниво на работни групи меѓу претставници на Здружението на приватни лекари и претставници на Фондот за здравствено осигурување. Се очекува овие разговори да бидат завршени до средината на март 2025 година, додека постигнатиот договор ќе биде имплементиран од 1 април„, велат од Фонд за здравствено осигурување.

Од Здружението на приватни лекари се оптимисти дека нивното барање годинава ќе се реализира.

Според Здружението на приватни лекари, зголемувањето на капитацијата за матичните лекари е неопходно за поддршка на лекарите од примарната здравствена заштита. Последен пат, на 1 јануари 2023 година, имаше зголемување на капитацијата од 63 на 75 денари./Алсат.мк

Линда Ебиби

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button