ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Кос: „За време на нашиот мандат сакаме да ги завршиме преговорите за членство со две или три земјиод Западен Балкан“

Кос: „За време на нашиот мандат сакаме да ги завршиме преговорите за членство со две или три земјиод Западен Балкан“

Комесарката за проширување Марта Кос на Минхенската безбедносна конференција рече дека САД не можат да ги внесат земјите кандидати во ЕУ, туку тоа го прави самата Европска унија. На панелот со двајцата премиери Христијан Мицкоски и Еди Рама, Кос истакна дека ЕУ е фокусирана на безбедноста и мирот во време кога, според неа, е загрозена од надворешни сили.

Advertisements

„Проширувањето денес не е само под влијание на она што го прават САД, туку и на геополитиката. Имаме посебна ситуација, имаме надворешни сили кои не разделуваат и сакаат да нѐ видат како пропаѓаме. Европската унија станува сè поважна. ЕУ е создадена за мир, слобода, безбедност и просперитет. Сега да се вратиме на безбедноста и мирот. Проширувањето може да биде најважниот елемент на безбедносната гаранција. Постои причина зошто земјите сакаат да се приклучат на ЕУ, а не на САД”, рече Марта Кос, комесар за соседство и преговори за проширување.

Според неа, ЕУ работи со побрзо темпо на финализирање на членството на Албанија и Црна Гора до 2027 година, а кога ќе има придвижување на процесот и за Македонија.

„Има разлики меѓу земјите од Западен Балкан, но за време на нашиот мандат сакаме да ги завршиме преговорите за членство со две или три земји, што значи затворање на сите преговарачки поглавја. Врз основа на сегашниот систем на заслуги, Црна Гора и Албанија се во напредна фаза, но кога има поместување на работите со Северна Македонија и таа може брзо да напредува„, додаде Марта Кос, комесар за соседство и преговори за проширување.

Премиерот Мицкоски реагираше на Кос потсетувајќи ја на ветувањата на ЕУ за брзо членство на земјата по промената на името.

„Имам само една забелешка, се сеќавам на ветувањата со кои се обидоа да не убедат, сменете го името и за 4-5 години ќе станете членка на ЕУ. Им посакувам среќа на Црна Гора и Албанија, но немојте да го споделувате нашето искуство. Ние сме жртви на билатералните проблеми или, поточно, нашето движење кон ЕУ е многу сложено. Наместо да ја носиме Европа на Балканот, ние го донесовме Балканот во Европа. За жал, има земји-членки на ЕУ кои доаѓаат од Балканот кои донесоа билатерални спорови со нив во Брисел, наместо да ги донесат бриселските вредности на Балканот“, рече Христина Мицкоски, премиер.

По ставот на шефот на бугарската дипломатија дека нема повторни преговори, денеска бугарскиот претседател Румен Радев на средба со претседателот на Европскиот совет Антонио Коста за време на Минхенската безбедносна конференција рече дека неговата земја не прифаќа измени на договорите со Северна Македонија. Тој рече дека Бугарија не поставува нови барања за европската перспектива на Македонија, но не прифаќа ниту промени на постигнатите договори./Алсат.мк

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button