ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски – наместо европеизација на Балканот – балканизација на Европа

Забрзувањето на интеграцијата на Западен Балкан, беше еден од панелите на 61. Минхенска безбедносна конференција што заврши вчера во главниот град на Баварија. Премиерот Христијан Мицкоски, кој учестуваше на овој панел заедно со еврокомесарката за проширување Марта Кос и албанскиот премиер Еди Рама, порача дека наместо европеизација на Балканот, се соочуваме со балканизација на Европа и двојни стандарди од страна на ЕУ.

Advertisements

Еврокомесарката Кос, пак, кажа дека во текот на овој мандат на Европската комисија сакаат да ги завршат пристапните преговори со две или три држави. На маргините на конференцијата во саботата беше остварена и прва средба меѓу министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски со неговиот бугарски колега Георг Георгиев, со кого разговарале за потребата од деблокирање на нашиот пат кон полноправно членство.

Премиерот Мицкоски на панелот посветен на пристапувањето на Балканот во ЕУ, истакна дека македонскиот пат кон ЕУ „започна многу пред да започне евроинтеграцискиот процес на Албанија, дури и пред Хрватска, но за нас системот на заслуги е бајка“.

-За нас бајката стана подвижна мета. Ние сме жртви на билатеризација или, да бидам попрецизен, нашето придвижување кон ЕУ е многу комплексно. Наместо да ја донесеме Европа до Балканот, ние го донесовме Балканот во Европа. За жал, има земји членки на ЕУ кои доаѓаат од Балканот кои донесоа билатерални спорови заедно со нив во Брисел, наместо бриселските вредности да ги донесат на Балканот, рекол премиерот Мицкоски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button