Ветингот се прави да се концетрира моќта во една личност, велат експерти
Ветингот се прави да се концетрира моќта во една личност, велат експерти

Иницијативата на ДУИ за реформи и внатрепартиски ветинг не е непозната за познавачите на политичките прашања. Според универзитетската професорка, Мирјана Малеска, овој процес се спроведуваше и во времето на комунизмот, процес познат како демократски централизам. Според неа, дебатата за ветинг ќе биде формална бидејќи заклучоците се однапред познати. Малеска вели дека повеќе не треба да очекуваме помош за ветинг од САД или ЕУ, бидејќи нивната ориентација сега е кон Украина, Русија и Кина како предизвик за новиот светски поредок.
Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, вели дека секој поединец или политичар треба да помине ветинг , но пред да влезе во политиката. Се друго, според него, е едноставно политички договор.
„Можам да зборувам за себе. Мислам дека секој треба да си направи свој ветинг пред да влезе во политика. Секој политички договор за спроведување на политички ветинг е политички договор. Па да се запрашаме дали секој од нас си направивме ветинг кога влеговме во политиката, и дали правевме ветинг сега кога сме во политиката, тогаш ќе зборуваме за политички договори”,рече Фатмир Битиќи – СДСМ.
Претседателот на Демократското движење Изет Меџити упати порака до ДУИ да ги повлече старите политички фигури и да им направи пат на новите генерации.
„Затоа ветинг им направи албанскиот народ на изминатите избори, но вистинскиот ветинг ќе го почувствува на претстојните локални избори. Ветинг не се прави за себе, тоа го прават други, тоа го прават независни институции. Си играат со народот, си играат со сопственото членство, го исмеваат тоа членство. Прават филмови за тие што се 20 години на сцена, 7-8 мандати пратеници, заглавени во корупција, на американски црни листи, најдобар ветинг е да се повлечат од таму„, рече Изет Меџити – Претседател на ДД.
Од ДУИ пред неколку дена соопштија дека членовите на партиското раководство со потпишувањето на кодексот за добра практика и интегритет на ДУИ, прават значаен чекор кон зголемување на транспарентноста и интегритетот. Во јавноста ваквата иницијатива беше прифатена со потсмев и иронично како процес што треба да го води Рамиз Мерко и Артан Груби ./Алсат.мк
Зекирија Хаџиу