ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Предлогот за разрешување на Коцевски денеска на владина седница

Предлогот за разрешување на државниот обвинител, напишан во министерството за правда, денеска ќе се разгледува на владина седница, па дури потоа ќе патува кон  Советот на јавни обвинители.

Advertisements

Потоа советот во рок од 15 дена ќе закаже седница на која ќе одлучува какво мислење ќе даде, но министерот за правда веќе се изјасни дека и со негативно мислење, процедурата за разршеување ќе продолжи во Собранието, кое го има последниот збор.

Од владата пак, порачаа дека ќе продолжат да преземаме активности кои се во насока на подобрување на функционирањето на правосудниот систем, довербата на граѓаните е сериозно нарушена и затоа велат дека се силно посветени конечно да владее правото и да имаме правна држава.

Членовите на Советот пред себе ќе ги имаат образложени причини поради кои Владата сака да го разреши Коцевски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button