
Мета ги објави плановите за изградба на подморски кабел долг 50.000 километри ширум светот.
Технолошкиот гигант рече дека проектот Waterworth – што ги поврзува САД, Индија, Јужна Африка, Бразил и други региони – ќе биде најдолгиот проект за подводен кабел во светот кога ќе биде завршен, пишува Би-Би-Си.
Мета, која ги поседува Facebook, Instagram и WhatsApp, се обиде да го прошири своето присуство во технологијата надвор од социјалните медиуми, вклучително и во вештачката интелигенција (AI) и инфраструктурата што ја поддржува.
Од компанијата додаваат дека нивниот нов кабелски проект ќе обезбеди „поврзаност водечка во индустријата“ на пет големи континенти и ќе помогне во поддршката на нејзините проекти за вештачка интелигенција.
Тоа значи дека ова ќе биде подолг кабел од претходниот на „Мета“ – „2-Африка кејбл“ (2Africa Cable), којшто се протега на 45.000 км и, исто така, е подолг од Екваторот (40.075 км).