
Египтолозите ја открија првата гробница на фараон од откритието на Хауард Картер во 1922 година, кога пред светот беше претставена гробницата на Тутанкамон.
Гробницата на кралот Тутмос II е последната неоткриена кралска гробница од 18-та египетска династија.
Британско-египетски тим го лоцираше во западните долини на Тебанската некропола во близина на градот Луксор.
„Дел од таванот во гробницата беше недопрен. Син таван со жолти ѕвезди на него. Такви се наоѓаат само во гробниците на кралевите“, изјави директорот на мисијата д-р Пирс Литерленд.
Истражувачите ги открија мумифицираните останки на Тутмос II пред два века, но неговото првобитно гробно место никогаш не било лоцирано.
Тутмос II бил предок на Тутанкамон, чие владеење се верува дека било од околу 1493 до 1479 п.н.е. Најпознат е по тоа што е сопруг на кралицата Хатшепсут, една од ретките женски фараони кои владееле самостојно.
Извор: Би-Би-Си