Хорор во Чешка! Влегол во продавница и избодел две жени до смрт!

Две лица се убиени при напад со нож во трговски центар во Чешка. Според светските медиуми, инцидентот се случил во градот Храдец Кралове, а од полицијата соопштиле дека е уапсен еден осомничен.
Жртвите биле вработени во продавницата.
„Иако бевме на лице место во рок од неколку минути по пријавата, двете жртви се здобија со толку сериозни повреди што не можеа да се спасат и покрај сите напори на медицинските лица“, се вели во објавата на полицијата на X.
Болничар кој реагирал на местото на настанот изјави за Novinky.cz дека напорите за реанимација траеле околу 40 минути.
Осомничениот, 16-годишен чешки државјанин, е приведен околу 10 минути по нападот на околу еден километар од местото на настанот. Полицијата соопшти дека во близина пронашла нож.
Мотивот за нападот сѐ уште не се познати.