ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Рускиот амбасадор чест гостин во македонското Собрание

По којзнае кој пат по промената на власта,  рускиот амбасадор Сергеј Баздникин, чија земја ја стави Македонија на листата непријателски земји, непречено си влегува и излегува од Собранието.. Баздникин денеска одржа уште една средба со Левица. Овие средби постојано се повторуваат, а од Собранието се правдаат дека тие не се вклучени во подготовката на средбите на  пратениците и дека право на пратениците е да организираат состаноци.

Advertisements

Претходниот состав на Собранието одлучи од денот кога беше донесена Декларацијата за поддршка на Украина во март 2022 година да нема активности во и околу Парламентот во кои ќе учествуваат руски дипломати, а барањата за средби сод страна на рускиот амбасадор беа одбиени. Во овој состав на Собранието, Баздникин беше пречекан од Левица, но и од првиот човек на ЗНАМ, Максим Димитриевски, внатре во Собранието.

Експертот за безбедносна политика Александар Илиев наведува дека средбите на Левица со руски дипломати не се изненадувачки и дека преку нив Русија сака да испрати порака.

Земјава и натаму ја поддржува Украина во конфликтот со  Русија и неколку пати испрати воена помош. Но, сега има нова дилема. Со влошувањето на односите меѓу САД и ЕУ за украинското прашање, официјално Скопје, како и многу други земји, е на крстопат. Според Илиев, во интерес на државата е да се воздржи.

Официјални лица од Скопје велат дека не се повлекуваат од поддршката за Украина, но дека сме  премногу мала земја за да имаме какво било влијание во евентуални преговори што би се воделе за мирно решение меѓу Русија и Украина, а водени од САД.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button