ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Две децении ветувања за наоѓање инвеститор за Попова Шапка

Повеќе од две децении локалната и централната власт најавуваат потрага по инвеститор за „Попова шапка“. Но, и покрај разговорите со потенцијалните инвеститори, нема конкретни чекори.

Advertisements

„Има средби, има комуникации и конкретни активности за обезбедување инвеститор за Попова шапка. Актуелната влада комуницираше со инвеститорот најавен од Италија, кој е комбинација од италијански и австриски бидејќи иста фирма е во двете земји“, вели Билал Касами – градоначалник на општина Тетово.

Касами вели дека деталниот урбанистички план за Попова Шапка е при финализирање и е предуслов за давање концесија на Попова Шапка.

„Таму сме многу блиску, во завршна фаза сме на усогласување на последните забелешки во однос на урбанистичкиот план. Прашање на денови е кога ќе го имаме урбанистичкиот план и ќе се расчисти оваа пречка во однос на тоа кои имоти се на претпријатието „Попова Шапка“, а кои се имоти на општината“, додава Касами.

Експертите велат дека подобрувањето на инфраструктурата во Попова Шапка е приоритет, особено „борбата“ со дивоградбите.

„Во последните 30 години можам да кажам дека воопшто не е соодветно инвестирано. Сега скилифтот е изграден, но не е на вистинското место. Главниот пат до Попова шапка треба да се прошири и да се обезбеди паркинг, бидејќи тоа е огромен проблем за туристите, бидејќи имаат проблеми и со патот и со паркирањето“, рече Менан Мемети, поранешен директор на Попова Шапка.

Кај Попова Шапка не е изградена ниту катна гаража.. Касами се правда дека надлежностите се на Министерството за транспорт и на дирекцијата што раководи со Попова Шапка.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button