Градинките во Липково и Арачиново наскоро ќе почнат да функционираат

Министерот за социјална политика, Фатмир Лимани, изјави дека институцијата која ја води ги има исполнето сите обврски поврзани со функционирањето на градинките во Арачиново и Липково. Според Лимани, сега градоначалниците треба да одлучат кога ќе почнат со работа овие установи за згрижување на децата од предучилишна возраст.
“Јас исто така ги потпишав согласностите, тие им се понудени, причините зошто градинките не се отворени е прашање за кое мора да дадат објаснување, но ми се чини дека тие како градоначалници ги знаат можностите што ги имаат. Тука сум да помогнам во сите аспекти кои се однесуваат на нашето министерство. Ви кажав уште тогаш, повторувам, апелирам и денес за сите барања што ги имаат, без разлика дали се за нови работни места или за нови проекти, ние сме отворени“; вели Лимани.
Еркан Арифи, градоначалник на општина Липково, за Алсат изјави дека градинката во селото Матјче ќе започне со работа следната недела. Сепак, Арифи потсетува дека доцнењето во отворањето на објектот е поврзано со пролонгираното потпишување на согласностите од страна на министерот Фатмир Лимани, кој првично ги потпишал на 25 декември 2024 година, и немало доволно време за реализација на конкурсот за персоналот кој ќе биде ангажиран.
“Со оглед на тоа дека тие согласнувања се годишни, за 2024 година не можеше законски да се реализира до 2024 година, побаравме да се продолжат за 2025 година и до почетокот на февруари не добивме согласности. Потоа моравме повторно да побараме состаноци во централните институции, да побараме еден ден порано да ни дадат согласности и успеавме да добиеме согласности, да ги објавиме конкурсите и со Божја помош планираме да ја отвориме детската градинка „Валбона 2001“ во селото Матеjче до крајот на февруари“, вели Арифи.
Слична ситуација e во градинката Арачиново, градоначалникот на Арачиново, Ридван Ибрахими, по телефон изјави дека градинката во Арачиново ќе почне со работа следниот месец. Во градинката во Арачиново се очекува да бидат сместени 115 деца, и покрај тоа што листата на чекање на децата ја надминува оваа бројка. Исто така, во градинката во Липково „Валбона 2001“ се очекува да се сместат 115 деца поделени во 6 групи.
Мелихате Рустеми