
Македонската кошаркарска репрезентација ја очекуваат клучните предизвици оваа година во желбата за пласман на Евробаскетот 2025.
Низ последните два квалификациски натпревари селекцијата на Александра Јончевски, ќе мора да ја совлада Естонија на гости, денеска од 18 часот, со најмалку шест поени, а потоа да ја победи Полска на домашен терен, доколку сакаме место меѓу најдобрите во Европа.
Првата пречка е вечерва Естонија во Талин на мечот на кој во составот повторно ќе бидат двајцата најдобри македонски репрезентативци, капитенот Ненад Димитријевиќ, но сега и натурализираниот Ти-Џеј Шортс.
Македонија за денешната пресметка нема да може да смета на Теодор Симиќ, кој отпадна во последен момент, но се очекува да биде подготвен за пресметката со Полска во Скопје.
Како што е познато, на првиот меч одигран во Скопје, Естонија славеше со 69-74. Дуелот со Полска, пак, се игра во понеделник (24. февруари) во СРЦ „Кале“ во Скопје, а цената на билетите изнесува 300 денари.